Top Sport

Паризиен: Готово е, Мбапе оди во Реал

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе летово ќе го засили Реал Мадрид, ова е информацијата која ја објави реномираниот „Паризиен“.

Мбапе наводно избрал да го засили Реал Мадрид и сега само го чека вистинскиот момент за да ја соопшти својата одлука на јавноста. Како што пренесува „Паризиен“, тој веќе за својата одлука го известил претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи.

Мбапе во најтрофејниот клуб во Европа ќе пристигне како слободен играч бидејќи договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната. Во ПСЖ е од 2018 година, кога „светците“ му платија 180 милиони евра на Монако.

За ПСЖ одигра 288 натпревари, постигна 241 гол и забележа 105 асистенции. Шест пати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

„Ќе даде се од себе за да освои што повеќе трофеи со ПСЖ оваа сезона и да се збогува со клубот на убав начин“, пишува „Паризиен“

Наводно, Мбапе ќе има плата од „скромни“ 15 милиони евра годишно во Реал, но ќе има и 60 отсто од своите авторски права, што е преседан бидејќи Реал ова не му го дозволил на ниту еден фудбалер.

Scroll to Top