Top Sport

Паркер го презеде Клуб Бриж

Познатиот англиски тренер Скот Паркер стана шеф на стручниот штаб на Клуб Бриж.
Поранешниот англиски репрезентативец е без работа од летово, поточно од август, кога доби отказ од Борнмаут.

Поранешниот менаџер на Фулам имаше неколку понуди, меѓу кои и од Норич, но реши кариерата да ја продолжи надвор од Англија.

Тој го наследи Карл Хофкенс, кој неодамна доби отказ, поради лошите резултати во првенството. Од отказ не го спаси ниту пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите каде во февруари, Бриж ќе игра против Бенфика.

Скот Паркер играше за Чарлтон, Челзи, Вест Хем, Тотенхем и Фулам.

Scroll to Top