Top Sport

Паркер: Мурињо се однесуваше како да е менаџер на Карлајл јунајтед

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Пол Паркер вели дека Жозе Мурињо не научил ништо од другите тренери и дека додека бил тренер на „ѓаволите“ се однесувал како да е на чело на Карлајл јунајтед, а не Манчестер јунајтед.

Португалецот во првата сезона на „Олд Трафорд“ донесе три трофеи за Јунајтед, а во втората стигна до второто место во Премиер лигата, пред да биде отпуштен во декември по катастрофалниот старт на сезоната. Паркер смета дека ваков крај бил неизбежен бидејќи Мурињо не го сменил пристапот кон работата.

„Да, тој никогаш не бил и нема да биде ’добро момче’ како Оле Гунар Солскјер, но многумина се плашат да зборуваат за него поради последиците. Тој никогаш не беше насмеан, а требаше бидејќи ја имаше работата која ја посакуваше, во еден од најголемите клубови на светот. Се однесуваше како да го води Карлајл јунајтед, а не Манчестер јунајтед. Да бидеме фер, тој е во право за дел од фудбалерите, но тоа не значи дека требаше да продолжи така. Видете го мечот со Пари Сен-Жермен, тоа немаше да се оствари под Мурињо. Требаше да работи со тоа што го има, без разлика на недостатоците. Тој пропушти златна шанса и вината е негова. Го донесе Алексис Санчез, кој беше уништувачки за финансиите и за состојбата во тимот. Никој не го натера на тоа“, вели Паркер.

Scroll to Top