Поранешниот фудбалер на Арсенал, Реј Парлор е разочаран од формата на „топчиите“ за кои смета дека во моментов само назадуваат по рестартот на Премиер лигата.
Тимот на Микел Артета за неполна недела забележа два порази, од Манчестер сити (3:0) и од Брајтон (2:1), и борбата за место во Лигата на шампиони во моментов изгледа далечна.
„Мечот со Брајтон мораа да го победат, иако против Манчестер сити малкумина им даваа шанси. Ако сакаш во Лигата на шампионите, овие мечеви мораш да ги добиеш. Се најдоа во добра ситуација со првиот гол, но потоа им дадоа шанса да се вратат во игра. Тоа е проблемот со Арсенал во моментов и фановите се во право кога бараат нешто повеќе од фудбалерите, поголема борбеност, победи. Во моментов, Арсенал само назадуваат“, вели Парлор.