Top Sport

Пиоли: Милан се „коцка“ со сè во следните 40 дена

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го предупреди својот тим дека се „коцка“ со сè во следните 40 дена, почнувајќи со утрешното гостување кај Лече.

„Да завршеше сезоната со прекин, ќе жалевме, но сега имаме 12 меча за да освоиме место во Европа. Мораме да почнеме да освојуваме многу поени, бидејќи во следните 40 дена ќе се коцкаме со сè. Ова ќе биде како нвоа сезона по три месеци пауза, но тимот е концентриран и фокусиран“, вели Пиоли.

Тој не сакаше да зборува за шпекулациите кои за време на паузата поради корона вирусот велеа дека ќе биде заменет од Германецот Ралф Рангник, кој наводно ќе добие менаџерска улога на „Сан Сиро“.

„Ние сме професионалци и такви шпекулации не треба да ни пречат, бидејќи имаме цел по која одиме. Позицијата на табелата не го покажува квалитетот на тимот. Тие кои ги прават одлуките ќе ги направат. Сите тренери се во таква позиција, ние живееме и умираме со резултатите. Во моментов не сме во европска ситуација, но ќе видиме за 40 дена“, вели Пиоли.

Scroll to Top