Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, претпладнево се појави во Судот за прекршоци во Вестминстер во Лондон откако беше обвинет за силување.
Тој е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Сите наводни кривични дела се случиле помеѓу април 2021 и јуни 2022 година.
Облечен во црн џемпер и држејќи јакна во рака, тој брзо помина покрај новинарите и фотографите во судницата.
Неговата адвокатка, Џени Вилтшир, претходно изјави дека фудбалерот ги негира сите обвиненија и со нетрпение ја очекува можноста „конечно да го исчисти своето име“.
Парти, на суд беше условно ослободен по обвиненијата за силување и сексуален напад. Условите за негово ослободување предвидуваат дека 32-годишниот Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени и дека мора да ја извести полицијата за секоја трајна промена на адресата или меѓународно патување, објави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека започнала истрага против Парти во февруари 2022 година, кога првпат добила пријава за силување.
Петте обвиненија за силување се однесуваат на две жени, додека обвинението за сексуален напад се однесува на трета жена.
Парти го напушти Арсенал откако му истече договорот, кој траеше до 30 јуни, а четири дена подоцна беше обвинет за силување.
Арсенал во 2020 година за услугите на Парти на Атлетико Мадрид му плати 50 милиони евра..