Информацијата дека фудбалскиот клуб Партизан би можел да добие покана за учество на турнирот „Фадиљ Вокри“ во Приштина предизвика жестоки реакции кај навивачите групи на Косово.
Во Приштина имаат намера да покренат турнир во чест фудбалската легенда Фадиљ Вокри. Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Фљамуртари Арбнор Морина рекол дека на турнирот би учествувале некои од клубовите каде што настапувал Вокри во текот на кариерата.
„Постои иницијатива да се организира меморијален турнир, по повод годишнината од смртта на Вокри. На турнирот би биле повикани Партизан, Приштина, Фенербахче и Ним од Франција, клубови за кои играл еден од најпознатите југословенски фудбалери“, рекол Морина прецизирајќи дека турнирот би се играл во Приштина на стадионот „Фадиљ Вокри“.
На оваа изјава на Морина реагираа навивачките групи на Косово, а со соопштение во јавноста излегоа од навивачката група на Фљамуртари „Плисат“, со најава дека нема да го дозволат евентуалното гостување на Партизан.
„Спортскиот директор на Фљамуртари го повика Партизан да учествува на овој турнир заборавајќи на војната и сите жртви. Тоа го направи без срам и во југо-носталгичен тон. Апелираме до организаторите на турнирот да повикаат албански клубови од Тирана, Скадар, Корча, Тетово, Скопје, Малесија…Не сакаме да влегуваме во поширока дискусија, сакаме да кажеме дека додека сме живи нема да дозволиме таков турнир да се одржи во Приштина. Ништо не се сменило, сетет се како минавме последен пат кога бевме во Белград. Не сакаме присуство на клуб каков што е Партизан кој промовира дискриминација над Албанците. Немојте да го тестирае нашето трпение“, се наведува во соопштението на оваа навивачка група.