Top Sport

Партизан ќе остане без тренер – Петриќ потврди дека заминува од клубот

Тренерот на Партизан Гордан Петриќ, во пресрет на првенствениот натпревар со Раднички од Крагуевац, потврди дека за неколку недели ќе отстапи од функцијата. Петриќ на новинарите им открил дека поради здравствената состојба решил да се повлече од фудбалот.

„Пред три недели му реков на спортскиот директор Ивица Краљ полека да бара тренер кога ќе дојде репрезентативната пауза. Многумина знаат и не знаат дека ја прекинав фудбалската кариера поради болест, а пред подготовките во Турција, на прегледи ми рекоа дека срцето ми прескокнува, извадив бенка која можеше да прерасне во меланом, добро сум, но не сакам да го провоцирам телото да ми се случи она што ми се случи кога имав 30-31 година. Тогаш реков да не паничиме, сега тоа се случи. Луѓето од клубот ме замолија да останам до репрезентативната пауза додека најдат тренер“, истакна Петриќ и додаде:

„Ако луѓето мислат дека не се нервирам, да јас не се нервирам, но кој знае што прави моето тело. Нема да го провоцирам своето тело. И кога ги завршив третманите поради ракот на кожата, кога сè беше готово, доста време со Пеѓа Мијатовиќ минував во Ваенсија кај докторот. Докторот ми рече „Tranquilo“, тоа значи „Полека. Немам проблем, но нема да провоцирам“.

Инаку, Партизан се наоѓа во лошат серија, пред две недели, доживеаја катастрофа од Младост ГАК (0:4) на домашен терен, а во четвртокот имаа нов кошмар, кога загубија од Шериф (1:3) во Белград и испаднаа од Конференциската лига.

Scroll to Top