Top Sport

Партизан направи „подвиг“ против Санта Клара, Кејн го инспирираше Тотенхем

Партизан успеа да влезе во групната фаза на првата Конференциска лига на УЕФА, откако направи вистински подвиг со 2:0 победата над португалскиот клуб Санта Клара, додека Тотенхем го елиминираше и другиот португалски претставник, Пакос де Фереира благодарени на 3:0 победата, инспирирана од двата гола на капитенот Хери Кејн.

Партизан загуби на гостувањето со 2:1, но за само две минути во првото полувремето успеаја да ја надополнат оваа предност. Рикардо Гомеш во 25. минута од пенал ги донесе „црно-белите“ во водство, за само две минути подоцна Синиша Саничанин да го удвои водството.

Тотенхем, по шокантниот пораз од 0:1 на првиот меч со Пакос де Фереира, го пречека португалскиот клуб со Хери Кејн во составот, и капитенот, кој вчера објави дека останува во Тотенхем цела сезона, ја уништи оваа предност со голови во 9. и 35. минута. Џовани Ло Селсо во 70. минута стави точка на победата.

Ријека не успеа да влезе во „втората“ европска лига, откако по 1:1 ремито на гости кај ПАОК, загуби дома од грчкиот клуб со 0:2, а најдраматично беше во Софија, каде што ЦСКА го елиминираше тимот на Плзењ со гол во продолжението за 3:0 победа.

УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, БАРАЖ, РЕВАНШ

ЦСКА Софија (Буг) – Плзењ (Чеш) 2:0, 3:0 по продолженија, прв меч 0:2, вкупно 3:2

Хамарби (Шве) – Базел (Шва) 2:0, 3:1 по продолженија, прв меч 1:3, вкупно 3:3, 4:3 пен.

Макаби Тел Авив (Изр) – Шахтар Караганди (Каз) 2:1, прв меч 2:1, вкупно 4:2

Гент (Бел) – Раков (Пол) 3:0, прв меч 0:1, вкупно 3:1

Ријека (Хрв) – ПАОК (Грц) 0:2, прв меч 1:1, вкупно 1:3

Сент Џонстон (Шко) – ЛАСК Линц (Авт) 0:2, прв меч 1:1, вкупно 1:3

Унион Берлин (Гер) – КуПС Куопио (Фин) 0:0, прв меч 4:0, вкупно 4:0

Абердин (Шко) – Карабаг (Азе) 1:3, прв меч 0:1, вкупно 1:4

Шамрок роверс (Ирс) – Флора (Ест) 0:1, прв меч 2:4, вкупно 2:5

Тотенхем (Анг) – Пакос де Фереира (Пор) 2:0, прв меч 0:1, вкупно 2:1

Партизан (Срб) – Санта Клара (Пор) 2:0, прв меч 1:2, вкупно 3:2

Scroll to Top