Фудбалскиот клуб Партизан минува низ најтешкиот период во својата историја. Црно-белите, вечерва доживеаја пораз во Белград од Гент (0:1), во првиот меч од пелј-офот за пласман во Конференциската лига.
Партизан, сезоната на евриопската сцена ја започна во квалификациите за Лигата на шампионите, но во два натпревари доживеа убедлив пораз од Динамо Киев. Потоа беше елиминиран и од Лугано во квалификациите за Лига Европа.
По поразот од Гент, во квалификациите за Конференциската лига, извесно е дека црно-белите ќе бидат елиминирани и од ова натпреварување.
Доколку се случи ова Партизан ќе стане единствениот клуб во Европа кој во една сезона е елимииран во дури три европски натпреварувања.
Исто така поразително е што Партизан на домашен терен без постигнат гол ги загуби сите три натпревари (Динамо Киев 0:2, Лугано 0:1 и Гент 0:1).
🚨 🇷🇸 Partizan Beograd are set to be the only club eliminated in 3/3 qualifying ties in all three European competitions this season:
❌ Champions League (QR2)
❌ Europa League (QR3)
❌ Conference League (Play-offs) pic.twitter.com/idprrHDDnA
— Football Rankings (@FootRankings) August 22, 2024