Top Sport

Партизан се раздели со тренерот Ѓукиќ

Мирослав Ѓукиќ повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Партизан. На функцијата ќе го замени поранешниот играч на овој клуб Зоран Мирковиќ.

Ѓукуќ стана тренер на Партизан минатото лето и уште на самиот почеток на неговиот мандат навивачите не беа задоволни од неговата работа, но на функцијата се одржа бидејќи избори пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Меѓутоа, Партизан, лошо ја започна новата сезона, во првото коло доживеа пораз од аутсајдерот Радник, а тимот лошо играше и во првите две кола во Лига Европа, иако „црно-белите“, преку Тракаи се пласираа во наредната рунда.

Токму реваншот со Тракаи и резултатот 1:1, пресуди раководството да му врачи отказ на Ѓукиќ.

„Моравме да смениме нешто во пресрет на дуелот со Нордсјеланд. Клубот сака да изрази благодарност за се она што Мирослав Ѓукиќ го направи. Се разделуваме како пријатели“, рекол генералниот секретар Милош Вазура.

Инаку, според српските медиуми, Партизан на Ѓукич ќе треба да му исплати помеѓу 250.000 и 400.000 евра бидејќи предвреме е раскинат неговиот договор.

Scroll to Top