Договорот меѓу петкратниот европски шампион Милан и германската компанија за спортска опрема „Адидас“ нема да биде продолжен во јуни, ставајќи крај на соработка која трае неверојатни 20 години.
Иако Росонерите имаа договор со компанијата до 2023 година, за кој добиваа 19.7 милиони евра по сезона, новиот кинески сопственик Ли Јонгхонг реши од 2018 година тимот да настапува со „Андер армор“ или „Њу баланс“.
Милан менуваше играчи, спонзори, стилови на дресовите, но „Адидас“ беше тука. Германската компанија имаше соработка со тимот од Милано од 1978 до 1980 година и од 1990 до 1993 година. „Адидас“ не сакаше да коментира за одлуката на 18-кратниот италијански шампион, а проблемот е во клаузулата која му дозволува на Милан да го раскине договорот.