Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ имаше посебна поддршка на последниот меч на неговата Аталанта против Специја, откако ги покани сите младинци од неговиот прв фудбалски клуб, ГОШК Каштел Гомилица на дуелот на „Вајс“ арената.
Инспириран од поддршката од трибините, Пашалиќ даде два гола, а Аталанта стигна до 5:2 победа.
26-годишниот Пашалиќ својата кариера ја започна во ГОШК, пред да премине во Хајдук Сплит, по што во 2014 година беше купен од Челси, каде што не се изнаигра и беше пратен на позајмица во пет клуба, пред постојаниот трансфер во Аталанта.
На трибините во Бергамо се слушаше: „Док свира радио, Пашалиќ Марио“…