Top Sport

Пасторе: Не ми дозволија ниту да се запознаам со Мурињо!

Хавиер Пасторе е на листата отпишани од тимот на Рома ова лето, а Аргентинецот вели дека се уште не се ни запознал со новиот кормилар на „волчицата“, Жозе Мурињо.

„Клубот сака да ме продаде, не го запознав Мурињо“ вели Пасторе.

Аргентинскиот фудбалер е еден од седумте играчи кои не се вклучени во тимот во подготвителниот период. Меѓу нив е и Педро Родригез.

„Не ми дозволија да го запознаам, ниту да тренирам и да му покажам на тренерот дали може да смета на мене или не. Тренирам одвоено со група од 20 играчи кои Рома сака да ги продаде или да ги испрати на позајмица“ вели екс-играчот на ПСЖ.

Токму од таборот на „Светците“ Пасторе во 2018 година ја засили Рома за 25 милиони евра. Сепак неговиот престој во главниот град на Италија го обележаа повредите и бледите партии.

Scroll to Top