Top Sport

„Враќањето на Алегри нема да е само подгреана супа“

По двегодишна пауза, Масимилијано Алегри повторно е на клупата на Јувентус. Со тоа изненади многумина, но не и екс-италијанскиот селектор Марчело Липи. Тој за „Gazetа delo Sport” раскажа што мисли за новиот ангажман на трофејниот ренер.

„Враќањето на Алегри нема да е само подгреана супа. На ова ниво да застанеш по долг циклус на работа е стварно добра работа. Малку се опуштате, проучувате нови тактики, го збогатувате своето знаење. Тимот е силен и тој добро го познава. Излегоа од тежок двегодишен период“ вели Липи.

Искусниот стратег е убеден во нови победи на Алегри.

„Јувентус се обиде да оди по нови патеки, со тренер кој не беше многу искусен, но млад и подготвен. Беше во ред што се обидоа. Не успеа и одлучија да се вратат на победничките патеки, нема друг подобар за оваа улога од Макс“ вели Липи кој слично како и Алегри се врати во Јуве по 2 сезони пауза и потоа освои 2 Скудета, а играше и финале во ЛШ.

Scroll to Top