Top Sport

Пато: Милан ќе го помине Наполи во Лигата на шампиони

Поранешниот напаѓач на Милан, Александре Пато е сигурен дека „росонерите“ ќе го победат Наполи во четврт-финалето во Лигата на шампионите и признава дека сонува да ги гледа во ново финале во ЛШ.

Двата клуба ќе се судрат трипати во април – прво во Серија А во недела, а потоа во Лигата на шампиони на 12 и на 18 април.

„Мислам дека Милан се во добра форма и имаат вистински тим за Лигата на шампиони, и таму мора да биде фокусот. Се обложив со моите тренери дека Милан ќе ги помине Наполи. Можеби ќе се мачат на гости, но на ‘Сан Сиро’, победата е нивна“, вели Пато.

Победникот од тоа четврт-финале ќе оди на Интер или Бенфика во полуфиналето, додека Челси, Реал Мадрид, Баерн Минхен се во другата, несомнено посилна половина.

„Мислам дека ждрепката е одлична и дека може да се сонува за финале“, додава Бразилецот.

Scroll to Top