Top Sport

Патот до ЕУРО 2020 Македонија ја води преку Косово и Грузија или Белорусија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има тешка задача преку баражот во Лигата на нации да избори пласман на ЕУРО 2020.

Македонија го освои првото место во својата група во Д-сегментот од Лигата на нации со што го стекна правото низ два дополнителни натпревари да се бори за пласман на Европското првенство.

Националниот тим на 26 март во полу-финалето ќе игра против Косово, а доколку победи во овој натпревар, финалето и пласманот на шампионатот ќе треба да го избори во Тблиси или Минск.

Втората полу-финална двојка во овој дел од баражот ја формираа Грузија и Белурсија.

Попладнево во Нион, УЕФА ги одреди и полу-финалните двојки, односно домаќините во финалните мечеви во сегментите А, Б и Ц.

Бараж двојки:

Лига А:

Бугарија-Унгарија и Исланд-Романија
финалето ќе се игра во Бугарија или Унгарија

Лига Б:

Босна и Херцеговина-Северна Ирска и Словачка-Република Ирска
финалето ќе се игра во БиХ или Северна Ирска

Лига Ц:

Норвешка-Србија и Шкотска-Израел
финалето ќе се игра во Норвешка или Србија

Лига Д:

Македонија-Косово и Грузија-Белорусија
финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија

Полу-финалните мечеви се играат на 26 март, а финалињата се на програмата на 31 март наредната година.

Ждрепката за ЕУРО 2020 ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт. Европското првенство ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули наредната година во 12 европски градови и 12 држави.

Scroll to Top