Top Sport

Патрик Клајверт: Засега на Јустин му е подобро во Рома, отколку во Манчестер јунајтед

Легендата на холандскиот фудбал, Патрик Клајверт, вели дека неговиот син Јустин направил вистинска одлука кога реши да се приклучи на Рома, наместо да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед ова лето.

Клајверт Јуниор подолго време беше поврзуван со трансфер во Јунајтед, но наместо тоа реши да отиде во Рома и неговиот татко смета дека тој стил на фудбал повеќе му одговара, најмногу поради помалиот притисок. Јустин одговори со одлична асистенција до Един Џеко за победа на Рома во првото коло.

Таткото Клајверт признава дека сонот е да се игра за Барселона (каде што и тој играше), но дека развојот е многу важен.

„Задоволен сум од тоа што го прави. Тој не зборува многу, туку знае да слуша и е многу мотивиран. Јас сакав да остане во Ајакс уште една сезона, но тој самиот го направи изборот и мислам дека Рома е вистински избор. Скок во Премиер лигата би бил многу тежок, а Јунајтед преголем скок. Рома е голем клуб, но притисокот е помал. Рома е клуб кој игра добар фудбал и совршено место за сегашниот развој на Јустин. Кој не сонува за Барселона? Но, засега тоа е далеку“, вели Патрик Клајверт за „Газета дело спорт“.

Џеко со помош на „малиот“ Клајверт го „матираше“ Торино (видео)

Scroll to Top