Top Sport

Патрис Евра бил сексуално злоставуван како дете

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и на француската репрезентација, Патрис Евра во својата нова автобиографија открива дека бил сексуално злоставуван од својот учител кога имал само 13 години.

40-годишниот Евра открива дека живеел во куќата на учителот за да не патува долго до училиштето и дека учителот го силувал повеќе пати. Тој додава дека не зборувал за тоа што се случило и дека дури ниту неговата мајка не знаела за тоа пред да почне да ја пишува автобиографијата.

„Секако, тоа и падна многу тешко, но и за мене тоа беше многу тежок момент. Уште не сум кажал лично на неколку мои браќа и блиски пријатели. Но, не сакам некој да ме сожалува. Никоја мајка не сака да го чуе тоа од сопственото дете. Таа знаеше дека нешто не е во ред и ме прашуваше зошто не сакам да спијам во неговата куќа, но дури сега, на 40 години и кажав за тоа. Ми велеше да не го ставам тоа во книгата, но и објаснив дека тоа не е за мене, туку за другите деца“, вели Евра.

Тој открива дека француската полиција контактирала со него кога имал 24 години и бил играч на Монако за обвинувањата за учителот, но тој одбил да зборува.

„Тоа е нешто за што ќе жалам цел живот, бидејќи можев да помогнам на многу луѓе. За мојот татко, плачењето беше слабост, но ако плачеш не си слаб. Го загубив братот и пријателите, но не плачев. Мајка ми велеше: ‘Еден ден ќе експлодираш’. Не сакам да сум жртва, иако бев тоа во минатото“, додава Евра.

Scroll to Top