Дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес одбил можност за скап трансфер во Тотенхем, бидејќи сакал да почека да замине во „голем клуб“, тврди „Марка“.
24-годишниот Торес импресионираше за Вилјареал минатата сезона, по што беше и стандарден првотимец во шпанската репрезентација на Европското првенство, а играше и на Олимпијадата во Токио.
Тој беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но најверојатно ќе остане во Вилјареал барем уште една сезона, откако одбил да премине во Тотенхем и покрај тоа што лондонскиот клуб бил подготвен да ја плати клаузулата за неговото ослободување од 55 милиони фунти.