Top Sport

„Чеканите“ со фантастичен камбек за голема победа кај Њукасл

Премиерлигата се врати! Тоа може да биде заклучокот од возбудливиот и фантастичен меч помеѓу Њукасл и Вест хем, кој на крајот заврши со 2:4 победа на гостите, откако домаќините водеа со 1:0 и 2:1.

Калам Вилсон уште во 5. минута ги донесе Њукасл во водство, но веднаш потоа, во 15. минута Арон Кресвел успеа да израмни на 1:1. Џејкоб Марфи се погрижи „чавките“ да отидат на одмор со предност со убавиот гол во 40. минута.

Во второто полувреме, следуваше камбекот на Вест хем – Саид Бенрама во 53. минута израмни на 2:2, по што во 63. минута по една пречка на Вест хем беше досуден пенал за „чеканите“. Обидот на Микаел Антонио беше фатен од Фредерик Вудман, но на топката налета Томаш Соучек за комплетирање на пресвртот. Само три минути подоцна, Антонио се оправда со убав гол од далечина за конечни 2:4.

Scroll to Top