Поранешниот бразилски репрезентативец, Паулињо, наредните две години ќе го носи дресот на Коринтијанс. Клубот од Сао Паоло потврди дека Паулињо по осум и пол години се врати во Коринтијанс.
Паулињо во 2013 година го напушти клубот се пресели во Тотенхем, а потоа играше Гвангжу Евергранде, Барселона и Ал Ахли.
Искусниот фудбалер со Коринтијанс во 2011 година, го освои првенството на Бразил, а потоа и Копа Ливертадорес и Светското клупско првенство во 2012 година.