Top Sport

Паулињо со два гола ја прекина лошата низа на Баер

Баер Леверкузен по два меча без победа, стигнаа до 2:0 триумф на гостувањето како Волфсбург за да се вратат на третото место на табелата во Бундеслигата, пред РБ Лајпциг, кои претходно одиграа само 0:0 со Ајнтрахт Франкфурт.

Младиот бразилски напаѓач, Паулињо стрелаше во 86. и 92. минута за три поени за тимот на Џери Сеоане, за „фармацевтите“ да стигнат до 48 поени на третото место на табелата, три пред РБ Лајпциг и Фрајбург во интересната битка за пласман во Лигата на шампионите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');