Top Sport

Сон ги врати Тотенхем на петтото место

Хеунг Мин-Сон постигна два гола (и уште еднаш асистираше за автогол на Курт Зума), за Тотенхем да стигнат до 3:1 победа во лондонското дерби против Вест хем јунајтед, за да се искачат на петтото место на табелата, односно да ги поминат Манчестер јунајтед.

Тимот на Антонио Конте почна одлично, кога во 9. минута, Сон упати топка која несреќниот дефанзивец на „чеканите“, Зума ја смести во мрежата, за во 24. минута Кореецот да добие одлична топка од Хери Кејн за удвојување на водството.

Вест хем се вратија во игра со убавиот гол на Саид Бенрама во 35. минута, и „чеканите“ се закануваа со камбек, пред во 83. минута, Сон со уште еден гол (по уште една асистенција на Кејн) да ги обезбеди трите поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top