Top Sport

Павар е подготвен да го напушти Минхен

Фудбалерот на Баерн Минхен, Бенжаман Павар, се подготвува да го напушти клибот како слободен играч. Баерн се уште не му понудил нов договор на светскиот првак со Франција, што значи дека тој ќе бара нов предизвик во кариерата.

„Немаше конкретни разговори за новиот договор. Имам огромна почит кон Баерн, но не ми пречат новите предизвици. Можеби сега е време. Зошто да не се пробате во друга земја? Во некој интересен фудбалски проект“, изјави Павар во интервју за „Лекип“.

Како што пренесуваат медиумите, интерес за дваесет и шестгодишниот фудбалер веќе покажале Реал Мадрид, Челзи и Атлетико Мадрид.

Павар оваа сезона во дресот на германскиот клуб забележа 20 настапи во сите натпреварувања.

Фудбалерот на Баерн се најде на списокот на француската репрезентација за претстојното Светско првенство во Катар.

Scroll to Top