Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар вели дека нема проблеми со Пол Погба, откако беше „мета“ на критики во финалето на Лигата на нации на УЕФА против Шпанија, велејќи дека ѕвездата на Манчестер јунајтед му се извинил по мечот.
Погба ги загуби нервите со Павар во една ситуација во која од средината на теренот мораше да ја покрива неговата позиција на десен бек. 28-годишниот Погба потоа и јавно се извини велејќи дека бара максимум од себеси и од соиграчите, а расположението се крева со 2:1 победата.
„Ги погледнав снимките неколку пати и зборувавме со Пол неколку пати. Тој ми се извини за реакцијата. Да, можеби не се движев најдобро, но не стоев, а и другите подзастанаа. Не му се лутам и работите се добри меѓу нас. На хартија, Павар е помалку секси од Хакими или Александер-Арнолд, но мислам дека дефанзивно сум покомплетен“, вели 25-годишниот Павар.
I don't know what Pogba was planning to do but Pavard could've definitely moved betterpic.twitter.com/Nr7ICKd98u
— . (@GoatGnabry) October 12, 2021