Top Sport

Гравесен е покер-легенда во Вегас – има заработено над 100 милиони долари

Томас Гравесен, поранешниот дански фудбалер од средниот ред, кој се пензионираше во јануари 2009 откако играше во Реал Мадрид, Евертон, Селтик и Хамбургер, сега има професија која му носи многу поголема заработувачка – мајстор е на покерашките маси.

Според „Дејли стар“, 45-годишниот Гравесен во кариерата има освоено над 100 милиони долари од покер, а веќе осум години живее во Лас Вегас со својата сопруга, чешката маненкенка Камила Персе, каде што соседи му се Николас Кејџ и Андре Агаси. Данецот вели дека неодамна се вратил во Данска.

„Дејли стар“ тврди дека Данецот е вклучен во електронски игри на високи суми – една вечер успеал да загуби 54 милиони во една сесија, но потоа ги вратил парите и заработил.

Scroll to Top