Младиот фудбалер на Барселона Ламине Јамал, кој на 13 јули ќе наполни 17 години и официјално е фудбалер со најголема вредност на пазарот.
Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) објави рангирање на млади фудбалери до 23 години со најголем раст на пазарната вредност.
Првото место со огромна разлика во однос на останатите го зазеде напаѓачот на Барселона, Ламине Јамал, чија цена порасна за 134 милиони евра.
Станува збор за периодот од октомври 2023 година до почетокот на април 2024 година.
Второто место го зазеде 19-годишниот играч од средниот ред на Бенфика, Жоао Невес (плус 73 милиони евра), а третото место го поделија Бразилецот Савио од Џирона и играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер.
Ламине Јамал е најголемиот талент во последната деценија, кој излезе од младинската школа на Барселона, познатата Ла Масија, а тамошните новинари го нарекоа новиот Меси.
Овој тинејџер има договор со Барса до 30 јуни 2026 година.