Фудбалскиот клуб Фиорентина потврди нови три случаи на заразени со коронавирусот. Вчера позитивен на вирусот бил младиот напаѓач Душан Влаховиќ, а претпладнево клубот потврдил дека со вирусот биле заразени уште двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб.
На тестот за коронавирусот биле позитивни Патрик Кутроне и Герман Пецела и физиотерапевтот Стефано Даинели.
„Фиорентина соопштува дека позитивни на вирусот се Кутроне, Пецела и Даинели. Сите се во добра состојба. Во излоација се во своите домови“, стои во клупското соопштение.
ACF Fiorentina comunica che, in presenza di alcuni sintomi sono stati sottoposti a tampone, con esito positivo, i calciatori Patrick Cutrone e German Pezzella e il fisioterapista Stefano Dainelli. Sono tutti in buone condizioni di salute nei loro domicili a Firenze. pic.twitter.com/rlgobtoR3J
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) March 14, 2020