Top Sport

Педри и Де Јонг се враќаат за дербито со Атлетико Мадрид

Двајца повредени играчи на Барселона се пред враќање на теренот. Педри и Френки де Јонг, кои се здобија со повреди, се опоравуваат според планираното и би можеле да се вратат за претстојното дерби против Атлетико Мадрид в недела, тврди шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Каталонците се во серија од четири натпревари без победа, но, сепак, водат на табелата во Ла Лига со 11 бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид.

Де Јонг и Педри почнаа со тренинзи на почетокот на неделата и се очекува да му бидат на располагање на тренерот Чави Ернандез за дуелот со Атлетико Мадрид.

Доколку сѐ биде в ред, Гави ќе може да се врати во главната улога на левата страна од средниот ред на Барселона, а Серхио Бускетс ќе делува како централен играч за врска.

Scroll to Top