Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри беше воодушевен од својот нов соиграч, Роберт Левандовски, откако полскиот ветеран постигнаа два гола при 4:1 победата над Реал Сосиедад во неделата и тоа на својот 34. роденден.
„Иако има 34 години, изгледа како да има 20. Лудо е колку голови дава, но пред се како работи за тимот, како помогнува на сите нас“, изјави Педри по мечот.
Тренерот Чави Ернандез исто така зборуваше за Левандовски по мечот, велејќи дека тој има уште многу години врвен фудбал во нозете.
„Сите забележија дека Левандовски може да направи разлика во еден меч. Тој е пример за тимот поради жртвувањето кое го има направено. Играч з сегашноста, но и за иднината“, изјави Чави.