Top Sport

Педро го продолжил договорот со Челси

Шпанскиот фудбалер Педро го продолжил договорот со Челси до 2020 година, објави клубот од „Стенфорд Бриџ“. Претходниот договор на Педро со „сините“ истекуваше наредното лето.

Педро ќе остане во Лондон бидејќи новиот менаџер Маурицио Сари побарал од раководството да го продолжат договорот со крилниот напаѓач.

Поранешниот шпански репрезентативец во Челси е од 2015 година и досега има постигнато 28 гола на 131 натпревар.

Со „сините“ има две титули во Премиер лигата, а со Барселона ги освоил сите можни трофеи во клупскиот фудбал.

Scroll to Top