Top Sport

Колумбиецот Мина пред портите на „Олд Трафорд“

Дефанзивецот на Барселона, Џери Мина, ќе го напушти клубот, а негова следна дестинација ќе биде стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Мина, не се снајде во Барселона, меѓутоа во дресот на колумбија одигра брилијантно на Светското првенство во Русија. По Мундијалот неколку клубови покажаа интерес за неговите услуги, а тој решил да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед.

„Џери и Јунајтед ги договориле условите, сега се чека Манчестер јунајтед и Барселона да се договорат околу сумата“, пишува „Мундо депортиво“.

Мина има 23 години, а во Барселона пристигна од Палмеирас во јануари оваа година за сума од 12 милиони евра.

Scroll to Top