Челси и Педро нема пријателски да ја завршат пет годишната соработка. Шпанецот кој како слободен играч ќе замине од „Стенфорд Бриџ“ одбил да потпише краткорочен договор со клубот.
Педро кариерата ќе ја продолжи во Серија А, тој веќе договорил две годишна соработка со Рома. На Олимпико ќе игра за годишна плата од три милиони евра.
Педро во Челси ќе биде уште само 12 дена, период во кој Челси ќе игра против Астон Вила, Манчестер сити и Лестер, а потоа ќе замине од Лондон.
Се претпоставува дека екс фудбалерот на Барселона ќе замине на одмор, бидејќи Рома се уште не може да го регистрира. Во Италија се уште не одредиле кога ќе започне преодниот рок, се знае само дека новата сезона во Серија ќе стартува во септември.
Педро за Челси има одиграно 135 натпревари.