Top Sport

Педро одбил краткорочен договор со Челси, веќе е договорен со Рома

Челси ќе ја заврши сезоната без своето крило Педро, откако Шпанецот одбил да потпише краткорочно продолжување со „сините“ откако се договори со трансфер во Рома во 2020/21.

За Педро оваа сезона немаше место во првиот тим на Френк Лампард со само девет настапи во Премиер лигата, и Рома веќе се договориле за нов двегодишен договор вреден 56.000 фунти неделно.

Фудбалерите чии договори завршуваат на крајот на јуни имаат опција да потпишат продолжување до крајот на сезоната, но Педро се решил да замине од „Стемфорд бриџ“.

Се очекува и Бразилецот Вилијан да замине од Челси, додека се очекува пристигнувањето на Хаким Зијеш и најверојатно на Тимо Вернер.

Scroll to Top