Top Sport

Беласица се засили со Бразилецот Робсон за Првата лига

Новиот прволигаш Беласица се засили со Бразилецот Робсон да Силва од Македонија Ѓорче Петров, каде што помина две сезони и постигна 10 гола во 62 настапи.

„Сакам да се заблагодарам на ФК Беласица што ми овозможија повторно да играм и да го покажам мојот квалитет во Македонија. Се надевам дека со благослов од Господ ќе направиме успеси во новата сезона“, изјави бразилецот Да Силва за официјалниот веб-сајт на струмиичкиот клуб.

Scroll to Top