Top Sport

Пех за Баерн, се повреди Алкантара

Минхенски Баерн синоќа славеше во Брисел над Андерлехт во Лигата на шампионите (1:2), но сенка на победата фрли повредата на Тијаго Алкантара.

Шпанскиот репрезентативец, кој сезонава е еден од надобрите играчи на Баерн, поради повреда теренот го напушти во 44.минута.

Според информациите од Минхен, Алкантара најверојатно три месеци ќе биде надвор од тимот.

Играчот од средниот ред им се приклучи на веќе повредените Давид Алаба (повреда на мускулот), Томас Милер (повреда на препоните), Мануел Нојер (повреда на стапалото), Рафиња (повреда на стапалото), Франк Рибери (повреда на коленото) о Кикнгсли Коман кој се наоѓа во фаза на рехабилитација.

Scroll to Top