Top Sport

Пехарот од светското првенство Гризман го однесе дома

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман, пехарот од светското првенство го однел во родниот град Макон.

Тој пред своите сограѓани се појавил во петокот, пет дена по триумфот на Франција над Хрватска 4:2 во големото финале. Гризман, беше стрелец на вториот гол за Франција.

Гризман, неговата сопруга и ќерка биле пречекани од 2.000 луѓе во центарот на Макон. Секако, Гризман на сограѓаните им ја презентирал репликата од пехарот.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид на Светското првенство ги одигра сите седум натпревари и постигна четири гола.

Scroll to Top