Реал Мадрид има сериозна намера не во јануарскиот, туку во летниот преоден рок да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“ младиот Аргентинец Паоло Дибала.
Реал и лано нудеше вистинско богатство за Дибала, но тогаш Јувентус ги одби понудите, Аргентинецот остана во клубот и потпиша нов договор. Шпанските медиуми тврдат дека во летниот преоден рок Дибала сигурно ќе замине од Торино.
Весникот „Марка“ кој некогаш делува и како клупско гласило на Реал, тврди дека Аргентинецот ќе дојде во Мадрид, а шпанската преостолнина ќе ја напушти Герет Бејл.
За да може да го реалзира трансферот на Дибала, Реал има интересен план. Ќе понуди кеш во износ од 80 милиони евра и ќе го испрати во Јувентус Тони Крос, за кого италијанскиот великан во минатото покажуваше сериозен интерес.
Прашање е само дали Крос ќе се согласи на ова бидејќи тој неколку пати кажал дека не сака да игра во Италија.
Real Madrid president Florentino Pérez is considering a swap deal that would see midfielder Toni Kroos and cash sent to Juventus in exchange for forward Paulo Dybala. (Source: Rai Sport) #RMCF #Juve pic.twitter.com/1aOLd38hwE
— Transfer Centre Live (@TransferCenLive) December 4, 2017