Top Sport

НБА: Ноќ на Ирвинг, Адетокумбо и Букер

Лудиот пресврт на Голден Стејт во Њу Орлеанс, 12.победа во низа на Кливленд Кавалирс, шутерското шуо на Девин Букер (Феникс) и „пресметката“ помеѓу Кајри Ирвинг и Јанис Адетокумбо, ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Голден Стејт Вориорс забележаа победа во Њу Орлеанс иако на полувремето Пеликанс водеа со 21 поен разлика. Во второто полувреме со серија тројки Вориорс ја надоместија негативата и на крајот славеа 125:115.

Стеф Кари го предводеше тимот со 31 поен и 11 асистенции. Плејмејкерот на Вориорс не го заврши мечот поради повредтаа на скочниот зглоб. Тој со помош на патерици ја напушти арената во Њу Орлеанс.

Кари доби помош од Клеј Томпсон (22 поени), односно Кевин Дурент и Дрејмонд Грин кои постигнаа по 19 кошеви.

Кај Пеликанс блескаа Џру Холидеј со 34 поени, односно Итван Мур кој постигна рекордни во кариерата 27 поени.

Инаку, Демаркус Казинс (Пеликанс) и Кевин Дурент (Вориорс) поради две технички грешки предвреме го завршија натпреварот.

Дербито помеѓу Бостон Селтикс и Милвоки Бакс го обележаа најдобрите играчи на двата тима Кајри Ирвинг и Јанис Адетокумбо. Селтикс славеа со 111:110, блегодарение на Ирвинг кој 19 од своите 32 поени постигна во второто полувреме. На спротивната страна „Грик фрик“ имаше учинок од 40 поени, 9 скока и 4 асистенции.

По лошиот старт во сезоната Кливленд Кавалирс го фатија вистинскиот ритам и против Чикаго Булс го запишаа 12.триумф во низа. Ова е најдолгата победничка низа на Кливленд во последните три сезони. Кливленд против најлошиот тим во лигата победи 113:91.

Кевин Лав забележа 24 поени и 13 скока, ист број на поени постигна Двејн Вејд, а Леброн Џејмс уфрли поен помалку, а имаше уште и 7 скока и 6 асистенции.

Феникс Санс ја победи Филалдлефија 115:101, во дуел во кој 21-годишниот Девин Букер уфрли рекордни во кариерата 46 поени.

Вашингтон се изрезили во дуелот со Јута Џеџ. Визардс постигнаа само 69 поени, а Јута го искористи лошит шутерски ден на противникот и славеше со 116:69.

Визардс на овој меч погодија само 23 обиди од поле (23/80).

Мемфис конечно стави крај на серијата од 11 порази со победата над Минесота 95:92. Марк гасол беше најефикасен со 21 поен, а клучните поени ги постигна Тајрик Еванс на 10 секунди до крајот на мечот.

На останатите натпревари: Индијана славеше против Њујорк 115:97, Шарлот го совлада Орландо 104:94, Бруклин ја победи Атланта 110:90, а Сан Антонио славеше во дуелот со Детроит 96:93.

Scroll to Top