Top Sport

Пеле во Парма

Грацијано Пеле во наредните денови ќе го засили нападот на Парма. Искусниот напаѓач е без клуб откако на почетокот на јануари, по пет години, го напушти Шандонг.

Пеле, во периодот од 2011 до 2013 година бил играч на Парма, но во клубот минал само шест месеци, три пати бил позајмуван во други клубови.

35-годишникот, со Парма, ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Пеле, најдобрите настапи во кариерата ги имал во Феенорд и Саутемптон.

Scroll to Top