Чилеанецот Мануел Пелегрини од наредната сезона ќе го предводи Бетис. Информацијата дека постигнале договор со искусниот тренер Бетис ја потврдија на социјалните мрежи.
Пелегрини договорил три годишна соработка, односно треба да остане на „Бенито Виљамарин“ до 30 јуни 2023 година.
„Одбравме тренер со меѓународно искуство, тренер што ќе може да го подигне нивото на нашата игра во наредните три години“, се наведува во клупското соопштение.
Пелегрини во декември минатата година поради серијата на лоши резултати доби отказ во Вест Хем. Од друга страна Бетис го отпуштија тренерот Рубио пред десет дена.
Пелегрини во кариерата бил тренер на Вилјареал, Малага, Реал Мадрид и Манчестер сити.
? OFICIAL | Manuel Pellegrini, entrenador del #RealBetis a partir de la próxima temporada ???
¡Bienvenido! ???
➡ https://t.co/Yn8vyu9gO1 pic.twitter.com/CcVAJ2QgEX
— Real Betis Balompié ?? (@RealBetis) July 9, 2020