Top Sport

Пелегрини ја оправда довербата на навивачите за трета победа во низа

Рома стигна до трета победа во низа, триумфирајќи со 3:0 против Удинезе, за да се зацврсти на третото место на табелата во Серија А, а Лоренцо Пелегрини во својот 100. меч за Рома постигна гол за да одговори на поддршката која ја доби од верните навивачи по проблематичната форма.

Пелегрини утна пенал во четвртокот против Феенорд при поразот во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа, но беше пречекан на „Олимпико“ со банер на кој пишуваше: „Во добро или лошо капитенот останува тука“.

Во 37. минута од мечот беше досуден пенал за Рома, но Пелегрини не беше изведувачот туку Брајан Кристанте. Сепак, и тој не беше прецизен, но на одбиената топка налета Едоардо Бове за водство. Пелегрини одговори на поддршката во 55. минута кога ја потврди победата на Рома по асистенција на Андреа Белоти. Удинезе имаа шанса да се вратат во игра во 69. минута, повторно со обид од пенал, но обидот на Переира беше одбранет од Руи Патрисио, пред Теми Ејбрахам во 91. минута да ја потврди победата.

Scroll to Top