Top Sport

Пелегрини: Во Реал ми кажуваа кои играчи мораат да играат

Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини отворено зборуваше како е да си тренер на Реал Мадрид, откривајќи дека некои играчи морале да бидат во составот.

Пелегрини неодамна седна на клупата на Вест хем, и признава дека во 2009/10 главните дискусии со лидерите на Реал биле околу тоа кој треба да игра.

„Постојано ги оценувавме перформансите на фудбалерите. Ми кажаа дека некои мораат да играат без разлика на што се случува, но јас не прифаќав компромиси“, вели Пелегрини во интервју за чилеанскиот весник „Ел меркурио“.

Сепак, тој вели дека имал добри односи со првите ѕвезди на тимот, Кристијано Роналдо и Раул, но откри со кого било најтешко да се работи.

„Во текот на мојата кариера најлесно се работеше со Кристијано и Раул, бидејќи без разлика колку победуваа, секогаш сакаа повеќе. Најкомпликуван беше Хуан Роман Рикелме, но секогаш сакав да задржам одредено ниво. Со сите тренери имав одлични односи, вклучувајќи го и Жозе Мурињо. Неодамна се сретнавме во Лондон и се гушнавме“, додава Пелегрини, кој беше заменет од Мурињо во Реал.

Фото: ЕПА

Scroll to Top