Top Sport

Ѓоковиќ на принудна пауза?

Новак Ѓоковиќ не е сигурен дека ќе го игра делот од сезоната на тревната подлога, откако вчера испадна во четврт-финалето на Ролан Гарос од Марко Чекинато.

Ѓоковиќ одигра меч со многу осцилации, се жалеше и на повреда, поради што два пати бараше медицинска помош. Србинот не успеа да се избори со сите проблеми и доживеа пораз од 72.тенисер на АТП листата.

„Не знам дали ќе го играм делот од сезоната што следува“, рекол Ѓоковиќ по елиминацијата од Чекинато.

Иако два пати бараше медицинската помош, Ѓоковиќ не сакал да говори за повредите.

„Не е ништо сериозно“, рекол Србинот.

Scroll to Top