Top Sport

Пелегрино на клупата на Леганес

Членот на шпанската Ла Лига, Леганес, го назначи Аргентинецот Маурисио Пелегрино за нов шеф на стручниот штаб.

Пелегрино (45), во минатото работел во Шпанија, како тренер на Валенсија, а потоа и на Алавес. Со Алавес, Пелегрино во 2017 година, играше во финалето на шпанскиот Куп.

Штотуку завршената сезона, Аргентинецот ја започна како менаџер на Саутемптон, меѓутоа поради серијата на лоши резултати во март доби отказ.

Леганес, сезоната ја заврши на 17.место во Ла Лига со 43 бода.

Scroll to Top