Top Sport

Пелегрино нов тренер на Кадиз

Аргентинскиот фудбалски тренер Маурио Пелегрино до крајот на сезоната ќе го води шпанскиот клуб Кадиз, соопштија  од клубот.

Тој на клупата на Кадиз ќе го замени Серхио Гонзалес, кој минатата недела доби отказ поради лошите резултати.

Пелегрино, кој е без клуб од декември кога го напушти Универсидад де Чиле, со Кадиз ќе се обиде да остане во шпанската Ла Лига.

Аргентинецот се враќа во Шпанија, бидејќи како играч играше за Барселона, Валенсија и Алавес, а како тренер ги водеше Валенсија, Алавес и Леганес.

Во текот на својата тренерска кариера, Пелегрино работеше и во Аргентина и Англија (Саутемптон).

Scroll to Top