Top Sport

(Видео) Браќата Вилијамс ја елиминираа Барселона од Купот на Шпанија

Фудбалерите на Атетик Билбао се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот.

Во четвртфиналниот натпревар ја елиминираа Барселона на домашен терен со резултат 4:2 по 120 минути фудбал на „Сем Мамес“.

Веќе во првиот напад екипата на Атлетик Билбао поведе кога Горка Гурузуета постигна гол. Барселона израмни во 26. минута кога Роберт Левандовски го постигна комичен гол, а пет минути подоцна суперталентираниот Ламин Јамал му донесе предност на својот тим. Билбао успеа да се врати и во 49. минута преку Ојан Сансет да постигне гол.

Две меч топки до крајот на регуларниот дел не искористи Јамал. Тој два пати имаше ситуации еден на еден со голманот на Атлетик но не успеа да погоди.

Во продолженијата браќата Вилијамс ја запечатија судбината на Барселона. На истекот на првото погоди постариот Ињаки, а на истекот на второто продолжение точка стави Нико.

Пласман во полуфиналето изборија претходно Реал Сосиедад и Мајорка, а вечрва се игра последното четвртфинале Атлетико Мадрид ќе ја пречека Севилја.

Scroll to Top