Top Sport

Пелистер и Вардар ремизираа 2:2, Гостивар го презеде врвот во Втората фудбалска лига

Пелистер и Вардар ремизираа 2:2 во вечното дерби на македонскиот фудбал, овојпат во второлигашка конкуренција. Никола Наумоски и Борче Маневски донесоа предност од 2:0 за Пелистер по првиот дел, но на Вардар му припадна второто полувреме. Симеон Христов намали на 2:1, а Кире Маркоски го израмни резултатот. Вардар имаше шанса и за целосен пресврт, но шутот на Дарко Мицевски заврши во дирекот од голот на Илче Петровски.

Гостивар го искористи ремито на Вардар и со победата над Борец (0:2) повторно го презеде врвот на табелата. Антонио Каланоски во деветтата минута донесе водство, а Вилдан Керим го удвои во 46.минута од дуелот.

Детонит Плачковица и Воска Спорт ремизираа 1:1, Кожуф го совлада Тетекс со 4:1. Охрид славеше против Слога Виница со 2:0, а Арсими со идентичен резултат ја совлада Беласица. Локомотива беше подобра од Каменица Саса со 2:1.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top