Последното коло од квалификациите за ФА купот донесе една бизарна ситуација, откако еден стјуард покрај теренот доби директен удар во главата од изведувачот на пенал.
Мечот помеѓу Јеовил и Вејмут, гостите утнаа три од првите четири пенали, и напаѓачот на Јеовил, Том Ноулс имаше шанса со успешен гол да ја обезбеди 3:1 победата. Меѓутоа, тој наместо во голот, упати многу лош пенал, за стјуардот да добие убав удар. Откако се созеде тој славеше со гостинските авивачи зад голот.
Јеовил, инаку, влегоа во првото коло на ФА купот, откако веќе во следниот обид Вејмут повторно не беа успешни.
This penalty is brilliant. #ytfc pic.twitter.com/cFOAsvfjJq
— James Healey (@Jimmer84) October 20, 2021